Либиските власти бараат меѓународна помош за борбата против исламистичките милиции

Од:

Либиските власти побараа меѓународна помош во борбата против исламистичките милиции кои презедоа контрола врз згради на владата. Тие побараа санкции од ОН за исламистите и запирање на ширењето на тероризмот на север во Африка.

Претседателот на либискиот парламент Агеила Салех Еиса отворено на седница на ГС на ОН ја повика меѓународната заедница да и помогне на Либија во која поради судири на спротиставени милиции за само една недела домови напуштија околу 250.000 луѓе.

– Меѓународната заедница може да ги поддржи легитимно избраните власти и да воведе санкции или јасно да укаже дека Либија мора да се соочи сама со тероризмот, нагласи Еиса.

Либија се соочува со наголеми насилства од 2011 година кога од власт беше симнат Моамер Гадафи.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство