Либиски бунтовници го користат Фејсбук како оружје

Од:

Кога новата рунда судири на спротиставените милиции изби неодамна во главниот град на Либија некои борци со пушки и ракетни фрлачи излегоа на улица. Други се свртеа кон Фејсбук.

Додека ракети паѓаа врз делови од Триполи онлајн се одвиваше паралелна битка. На своите фејсбук страници ривалски групи се фалеа се поигруваа и им се закануваа на противници дека ќе ја „исчистат“ Либија од своите противници.

Некои „борци со тастатура“ како што во Либија се нарекуваат Фејсбук партизаните објавуваа и лажни вести или коментари полни со омраза. Други нудеа совети како да се однесувате на бојно поле, а на една страничка на 30 август корисник објавил мапи и координати на воздушни бази на противници.

Социјалните медиуми се влијателни во Либија, слабо населена држава растргната од борби на вооружени групи за територија и легитимитет. Тие се борат за доминација на улици или врз паметни телефони.

Но, Фејсбук не служи како огледало на хаосот туку и како средство тој да се зголеми. Оружени групи го користат Фејсбук за да пронајдат противници и критичари од кои некои се фатени, убиени или протерани, велат групи за заштита на човекови права и либиски активисти.

Командантите се фалат со успеси на бојно поле или собирање приврзаници притоа сеат поделби и етничка омраза. Лажни документи има насекаде често со цел да се поткопаат неколку преживеани национални институции пред се, Централната банка.

Компанијата Фејсбук инсистира на тоа дека ја контролира својата либиска платформа. Таму вработиле луѓе кои зборуваат арапски, прегледуваат пораки, но и работат на развој на вештачка интелегенција што превентивно ќе брише забранети содржини. Соработуваат  и со локални организации и меѓународни групи за човекови права.

„Не им дозволуваме на организации и поединци вмешани во трговија со луѓе или организирано насилство да биде присутно на Фејсбук, вели потпаролот на Фејсбук.

И покрај тоа илегалните активности цветаат на либискиот фејсбук.

Њујорк тајмс пронајде докази за отворена трговија со воено оружје. Трговци со луѓе рекламираат свои успеси со префрлани илегални мигранти во Европа преку море.Речиси секоја вооружена група има своја Фејсбук страна.

„Најопасната валкана војна се води сега на социјални медиуми и на некои други медиумски платформи“,изјави минатиот месец Махмуд Шамам, поранешен министер за информирање.

„Лаги, фалсификување погрешни траги и измешани факти. Елекгронските армии имаат се и го користат сето тоа без исклучок“.

Влијанието на Фејсбук е производ на нефукционалноста на Либија. Голем број телевизии и весници се во раце на вооружени групи, полициски фракции и странски сили како Катар и ОАЕ.

Многумина со часови седат во домовите бидејќи  е премногу опасно да излезат. Струја нема ни по 12 часа дневно. Поради тоа отвораат Фејсбук за да дознаат што се случува.

Во 2011 година Фејсбук значеше „неверојатно“ отворање на либиското општество по четири децении диктатура под Моамер Гадафи, вели Мери Фицџералд истражувач. Сите беа на Фејсбук дискусијата беше многу енергична.

Но како што минуваа годините луѓето кои што стојат зад студиите почнаа да зборуваат дека социјалните медиуми се нивно најважно оружје, додава таа. Со текот на времето Либијците развија длабоки чувства на амбивалентност кон социјалните медиуми.

„Толку пати во изминатите седум години слушнав луѓе како велат дека ако би можеле да го изгаснеме Фејсбук само на еден ден, половина од проблемите на државата би биле решени, нагласува таа.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

ОЈО: Во Шипковица е пронајдено оружје и фалсификувани пари