Либија преку закани бара помош од ЕУ

Од:

Либискиот министер за надворешни работи Салах Мазек најави дека Либија би можела „да го олесни“ транзитот на илегалните имигранти кон Европа, доколку ЕУ не и помогне да се справи со емигрантскиот прилив.

– Го предупредувам светот, а пред се ЕУ, дека ако не ја преземат својата одговорност, Либија ќе го олесни префрлањето на имигранти кон Европа, изјави Мазек.

Тој потенцира дека Либија се соочува со прилив на илјадници илегални имигранти, во најголемиот дел од земјите од Подсахарска Африка, кои „носат болести, криминал и шверц на наркотици“.

– Либија ја плати својата цена. Сега е редот на Европа да плати, нагласи Мазек.

Низ Либија минуваат главните транзитни канали преку кои илјадници имигрантите од Африка секоја година се обидуваат илегално да дојдат до Европа. Проблемот со илегалните имигранти како средство за притисок врз Европа, Триполи го користеше и за време на режимот на либискиот водач Моамер Гадафи.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија