Либија ги повика ОН да го укинат ембаргото за оружје за да може да се справи со ИД

Од:

Либија упати итен повик до Советот за безбедност на ОН  целосно да го крене  ембаргото за оружје против неа или да дозволи исклучок, за да може нејзината армија да се справи со зголемената закана од Исламска држава и другите радикални групи, пренесува БТА..

Писменото барање вчера е испратено до комисијата на Советот за безбедност на ОН, која го набљудува почитувањето на ембаргото за оружје, што врз Либија беше наметнато во 2011 година.

Во документот се соодржи и молбата за одобрување оваа земја да увезе 150 тенка, дваесетина авиони-ловци, седум напаѓачки хеликоптери, неколку десетици илјади автомати и минофрлачи, и милиони парчиња муниција од Украина, Србија и Чешка.

Доколку никој од 15-члената комисија нема резерви, молбата ќе биде одобрена веќе в понеделник.

Двете сопернички влади и нивните соодветни армии се борат за контролата врз Либија, четири години по граѓанската војна, со која од власта беше отстранет режимот на Моамер ел-Гадафи, потсетуваат британските медиуми.

Хаосот во земјата им овозможи на радикалните исламисти да се зацврстат во оваа земја богата со нафта. 

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините