Либерман: Израелската армија ја уништи речиси целата иранска инфраструктура во Сирија

Од:

Израелската армија ја уништи речиси целата иранска инфраструктура во Сирија, изјави денеска министерот за одбрана на Израел, Авигдор Либерман.

Тој додаде дека ниту една иранска ракета не погодила цели во Израел. Според него сите ирански ракети или беа соборени од израелската противвоздушна одбрана или воопшто не стигнале до израелска територија.

– Израел не тежнее кон ескалација со Иран и се надевам дека тоа поглавие ќе биде затворено и секој ја доби пораката, наведе Либерман.

Ирански воени сили синоќа од Сирија истрелаа ракети врз израелски воени бази на Голанската Висорамнина, на што израелски воени авиони извршија напади врз ирански цели на сириска територија.

Претходно, портпаролот на на израелската армија Јонатан Конрикус изјави дека израелската армија уништи десетици ирански воени цели во Сирија, како одговор на ракетирањето врз Голанска Висорамнина.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека извршила воздушни напади врз десетина објекти на Ал Кудс во Сирија, меѓу кои штабови, воени и логистички комплекси на иранската специјална единица, ирански воен камп северно од Дамаск, магацини на Ал Кудс што се лоцирани на меѓународниот аеродром во Дамаск, набљудувачки пунктови, како и локациите од каде биле истрелани ракетите врз Израел.

Израелските авиони ја нападнале и сириската противвоздушна одбрана, откако отворила оган врз авионите, но ниту еден не погодила.

Тој додаде дека израелската армија нема да дозволи Иран да дејствува од Сирија и оти Дамаск ќе биде одговорен за тоа што се случува на сириска територија.

– Израелските вооружени сили се подготвени за голем број сценарија. Доколку продолжи агресијата врз израелскиот суверенитет и граѓани, армијата одлучно ќе одговори, наведе Конрикус.

За нападот врз ирански цели во Сирија Израел ја известил Русија пред нападите согласно Механизмот за избегнување на судири меѓу израелската и руската армија во Сирија од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа