Либан и Израел постигнаа историски договор за индиректни разговори

Од:

Либан и Израел постигнаа договор за рамката на индиректни разговори со посредство на САД за долгогодишниот спор во врска со поморската граница меѓу двете земји, соопштија денеска двете страни.

Разговорите ќе се одржат во седиштето на мировните сили на Обединетите нации во пограничниот град Накура на југот на Либан, под знамето на Обединетите нации.

Во денешните засебни соопштенија во кои се најавени разговорите, страните не откриваат кога ќе почнат разговорите.

„Договорот ќе им овозможи на двете земји да започнат разговори, што може да обезбеди поголема стабилност и просперитет на граѓаните на Либан, но и на граѓаните на Израел“, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Мајк Помпео. Тој додаде дека договорот е резултат на речиси три години интензивен дипломатски ангажман на американски претставници.

Индиректните разговори значат дека преговарачите од либанската војска нема да разговараат директно со членовите на израелската делегација, туку преку Обединетите нации и американските претставници.

Израел и Либан немаат дипломатски односи и технички се во војна. Двете земји тврдат дека околу 860 квадратни километри од Средоземното Море припаѓаат на нивната ексклузивна економска зона. 

Би можело да ве интересира

Израел дополнително ги обезбеди своите амбасади по убиството на иранскиот научник

Ана Ололовска

Рохани го посочи прстот кон САД и Израел за убиството на истакнатиот ирански научник

Ана Ололовска

„Њујорк Тајмс“: Израел стои зад убиството на архитектот на иранската нукеларна програма

Ана Ололовска

Генерал Багери: Страшна одмазда ги чека оние кои стојат зад убиството на иранскиот научник

Ана Ололовска

ОН: Рамноправноста може да се врати 25 години наназад

Ана Ололовска

ОН: Штетата поради израелската блокада на Појасот Газа изнесува 17 милијарди долари

Ана Ололовска