Летечки змејови на кои пишува „Останете дома“ денеска летаа преку источен Аман, Јордан.
Пролетта е обично период кога граѓаните на Јордан ги користат пролетните ветрови и редовно летаат таканаречени „змејови“. Годинава, со воведувањето на полициски час, оваа појава стана уште почеста, па луѓето се качуваат на крововите од зградите и летаат змејови.
„Кувајт банка“ од Јордан годинава набави стотина змејови со натписот „Останете дома“, напишани на арапски јазик, со цел на необичен начин да се рашири пораката дека луѓето треба да останат во своите домови со цел заштита и превенција од вирусот Ковид-19.