Лекови на Фајзер ќе бидат достапни по непрофитна цена во сиромашни земји

Од:

Патентираните лекови на Фајзер, вклучувајќи ги и Паксловид (paxlovid) за лекување на Ковид-19 и Ибранс (ibrance) против рак на дојка, ќе бидат достапни по непрофитна цена во 45 најсиромашни земји во светот, соопшти компанијата.

Планот на Фајзер вклучува 23 патентирани лекови и вакцини што лекуваат заразни болести, одредени видови на рак, како и за ретки и воспалителни болести.

Пет земји, Руанда, Гана, Малави, Сенегал, Уганда, веќе се обврзаа да се приклучат на договорот, најавен на Светскиот економски форум во Давос.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера изјави дека договорот ќе им овозможи на земјите и производителот на лекови да ги поделат „товарот на трошоци и задачи во производството и испораката на резерви што ќе спасат милиони животи“.

Имаше критики до Фајзер за начинот како се воведе вакцината против Ковид-19, а некои сиромашни земји чекаа со месеци, откако првите дози стигнаа во богатите држави.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Германија брзите Ковид тестови од 1 јули ќе се наплаќаат

А1он

Здравствените власти во Египет ја продолжуваат кампањата „од врата до врата“ за вакцинација против Ковид

А1он

Во Австрија укинуваат задолжителна вакцинација против Ковид-19

А1он

Во Албанија расте бројот на новозаразени со Ковид-19

А1он

Данците над 50 години ќе можат да примат четврта доза вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска

Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска