Лекот за коронавирус на Фајзер, Paxlovid, е неефикасен во спречувањето на ширењето на инфекцијата меѓу членовите на истото домаќинство, покажа големо истражување.
Фајзер спроведе студија меѓу 3.000 возрасни лица кои биле во блиски контакти со лице заразено со коронавирус. Тие примале терапија со Паксловид пет или десет дена или примале плацебо.
Луѓето кои го примале лекот пет дена имале 32 отсто помали шанси да бидат заразени од луѓето во контролната група. Десетдневната терапија ја зголеми таа шанса на 37 проценти. Фајзер, сепак, објави дека разликата е статистички занемарлива и може да биде случајност.
Според тоа, студијата ги потврди резултатите од претходните истражувања дека лекот е 90 проценти успешен во спречување на болничко лекување или смрт на луѓе со Ковид.
„Иако сме разочарани од исходот на истражувањето за спречување на ширењето на инфекцијата, тоа не влијае на силната ефикасност во третманот што ја видовме во претходните истражувања“, рече извршниот директор на Фајзер, Албарт Бурла.
Paxlovid е антивирусен лек одобрен за условна или итна употреба во повеќе од 60 земји во светот.