Ле Дријан: Насилство над мирни демонстранти е неприфатливо

Од:

Насилство врз мирни демонстранти и новинари е неприфатливо, без разлика дали тоа се случува во САД или на друго место, нагласи францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан, коментирајќи ги протестите во САД за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициска операција во Минеаполис.

Во интервју за францускиот весник „Телеграм“, Ле Дријан рече дека е неопходно да им се овозможи на луѓето слободно да протестираат.

„Каков било чин на насилство против мирни демонстранти или новинари е неприфатливо, во САД или на друго место“, истакна тој.

Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец му го притисна вратот со коленото повеќе од осум минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност низ САД и во светот.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски