Лавров: САД шират пропаганда за наводна руска инвазија

Од:

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски рзговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

– Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги охрабри властите во Киев. Западот ја охрабрува Украина да го саботира Договорот од Минск, со цел „проблемот Донбас“ да ги реши со сила, посочи Лавров.

– Тој повтори дека Вашингтон и Брисел ги игнорираат безбедносните барања на Москва.

Амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов изјави дека САД алармираат, без никаков доказ, за инвазија врз Украина.

– САД сакаат да создадат впечаток дека агресијата е „неизбежна“, посочи Антонов.

Би можело да ве интересира

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД

Заврши состанокот во Ријад, први реакции: Не е лошо, не е лошо

Катерина Ѓуровски

Во тек е состанокот меѓу САД и Русија во Ријад

Катерина Ѓуровски

Лавров: „Америка на прво место“ вознемирувачки наликува на слоганот на Хитлер

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

А1он