Лавров: „Америка на прво место“ вознемирувачки наликува на слоганот на Хитлер

Од:

Со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, САД се префрлија на концептот „Америка на прво место“, кој има вознемирувачка сличност со слоганот на Хитлер „Германија на прво место“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во статија за списанието „Русија во глобалната политика“, пренесуват медиумите.

Промената на концептот „Америка на прво место“ има алармантна сличност со слоганот „Германија на прво место“ од времето на Хитлер, а играњето на картата „мир со сила“ дефинитивно може да ја закопа дипломатијата. Да не зборуваме дека таквите изјави и идеолошки конструкции не покажуваат ниту сенка на почитување на меѓународните правни обврски на Вашингтон од Повелбата на ОН“, посочува Лавров.

Како што додаде, со враќањето на власт во САД на републиканската администрација предводена од Трамп, американското толкување на меѓународните процеси по Втората светска војна доби нова димензија.

„Во таа насока, многу значајна изјава даде новиот државен секретар Марко Рубио во Сенатот на 15 јануари, а поентата беше дека повоениот светски поредок не само што е застарен, туку е претворен во оружје што се користи против американските интереси. Значи, сега не само што е непожелен системот Јалта-Потсдам со централна улога на ОН, туку и „поредокот заснован на правила“ кој се чини дека е олицетворение на егоизмот и ароганцијата на Западот на чело со Вашингтон во оваа функција, заклучи Лавров.

Претходно шефот на руската дипломатија изјави дека Западот никогаш не го почитувал принципот на суверена еднаквост на државите од Повелбата на ОН.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ