Заврши состанокот во Ријад, први реакции: Не е лошо, не е лошо

Од:

По завршувањето на преговорите во Ријад, некои од руските пратеници дадоа изјави за нивниот напредок.

Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции, изјави за руската државна телевизија: „Почна многу позитивен, конструктивен дијалог. За разлика од администрацијата на Бајден, која никогаш не се обиде да ја слушне руската позиција, ова беше многу јасен обид да се започне дијалог, да се разбере руската позиција и да се разговара за работите за кои се согласуваме.

„Има многу точки за кои се согласуваме… подобро се запознавме… сега многу подобро се разбираме“, додаде тој.

И советникот на Путин Јуриј Ушаков ги коментираше преговорите на руската државна телевизија: „Не е лошо, не е лошо… тешко е да се каже дали ние (Русија и САД, уред.) се зближивме, но разговаравме за тоа… тоа беше многу сериозна дискусија за сите прашања што сакавме да ги допреме… се согласивме да ги земеме предвид взаемните интереси и да развиеме билатерални односи, бидејќи и Москва и Вашингтон се заинтересирани за тоа.

Тој изјави и дека се договориле „специјален тим од преговарачи да воспостави контакт во догледно време“.

Соопшти и дека се разговарало за условите за средаба Путон-Трамп, но дека датум не е договорен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Реакцијата на Рубио на таванот во Пекинг стана хит на мрежите

Рубио: Денес очекуваме одговор од Иран на предлогот за прекин на војната

А1он

Рубио: Понудата на Иран за отворање на Ормутскиот теснец е неприфатлива за САД

А1он

Лавров ги обвини САД: „Нè враќаат во колонијалната ера“

А1он

Лавров: Односите со Будимпешта зависат од политиките на новата унгарска влада

А1он

Американската амбасада во Ријад ги предупреди Американците дека хотелите би можеле да бидат цел на напади