Во тек е состанокот меѓу САД и Русија во Ријад

Од:

Состанокот меѓу делегациите на САД и на Русија составени од високи државни претставници почнa утрово во Ријад. Рускиот тим го предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додека на чело на американската делегација е државниот секретар Марко Рубио.

Американската страна нагласи дека денешниот состанок не е за започнување преговори, туку за утврдување дали Русија е сериозна за завршување на војната во Украина.

Русија вели дека нејзин приоритет е да започне нормализирање на односите со САД.

На состаникот нема претставник на Украина, ниту на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов напад на аеродромот во Ријад

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул

Предраг Петровиќ

Мицкоски објави дека разговарал со Марко Рубио

Катерина Ѓуровски

Лавров: Да не се повлечеа Американците, ќе живеевме во мир веќе една година

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он