Лавров: САД го оправдуваат тероризмот во Сирија

Од:

Русија денеска жестоко ги критикуваше САД бидејќи ја поддржуваат невооружената опозиција во Сирија, истакнувајќи дека тоа што Вашингтон не го осуди нападот од 18 јули, во кој беа убиени сириски безбедносни функционери, претставува оправдување на тероризмот.

„Тоа е директно оправдување на тероризмот“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи ја изјавата на портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд дека ваквите напади не се изненадување имајќи го предвид однесувањето на сириската Влада.

Тој истакна дека не му се јасни повиците кои и се упатуваат на Русија јасно да го изнесе својот став за Сирија, додавајќи дека политиката на Москва по тоа прашање е кристално јасна, додека пак постапките на Западот се контрадикторни.

Лавров ја критикуваше и американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс, бидејќи тврдела дека овие напади во Дамаск значат дека Советот за безбедност на ОН мора да се договори околу резолуцијата за санкции против Сирија, на која Русија минатата недела стави вето.

Руското МНР денеска изрази несогласување и со новите санкции на ЕУ за Сирија, оценувајќи дека тие претставуваат воздушна и морска блокада на оваа земја и побара експерти да проверат дали ваквите забрани се согласно меѓународниот закон. гт/13:40

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски