Лавров: Полска и балтичките земји би можеле да ги прекинат сите контакти со Русија

Од:

Руското Министерство за надворешни работи објави текст во кој министерот Сергеј Лавров одговара на прашања поврзани со ситуацијата во Украина и наведува дека дошло до колапс на дипломатските односи меѓу Русија и нејзините балтички соседи.

„Во Полска и балтичките земји веќе долго време се води избезумена русофобна кампања и тие се обидуваат да бидат соработници во антируските напори на Западот. Неодамна билатералните односи со овие земји се влошија катастрофално; интеракциите со нив се замрзнати и практично сведени на нула“, рече Лавров, а пренесува „Гардијан“.

„Ние не сме за прекин на дипломатските односи“

„Ние не сме за прекин на дипломатските односи. Дури и во најтешката ситуација потребно е да се одржат каналите за дијалог. Не можеме да исклучиме дека тие земји, поради нивниот антируски однос, ќе одлучат целосно да ги прекинат контактите со нас.Ако тоа се случи, тогаш одговорноста за овој чекор и неговите последици целосно паѓаат на раководството на тие земји“, додаде тој.

„Ние имаме намера да ги браниме нашите национални интереси, а противниците мора да разберат дека нивните постапки ќе имаат долгорочни последици. Руската дипломатија ќе продолжи да се придржува до основните принципи на надворешната политика на нашата земја, како што се независноста, почитувањето на меѓународното право, грижата за национални интереси и отвореност за заемно корисна соработка“, вели рускиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Путин: Го почитуваме планот на Кина за Украина, ќе го разгледаме

Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Македонските „Сухои“ донирани на Украина, ама корист само за резервни делови

Горан Наумовски

Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Путин го поздрави кинескиот план за Украина

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната