Лавров: Новите санкции на САД ги влошуваат односите со Русија

Од:

Новиот американски закон со кој се одобрува воведување сет санкции против Русија поради украинската криза би можело на подолго време да ги влоши односите меѓу Москва и Вашингтон, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека новиот закон „со кој на Русија и се заканува воведување на нови санкции на подолго време можат да ја загрозат можноста за нормална соработка меѓу двете држави“.

Претседателот на САД, Барак Обама синоќа го потпиша законот со кој се одобруваат нови сет санкции кон Русија, но наведе дека не планира да ги примени казнените мерки наведени во документот, кој пред една недела беше усвоен во Конгресот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски