Лавров: Нема мирно решение за Сирија без преговори

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека нема да има мирно решение на судирот во Сирија, се додека противниците на режимот на претседателот Башар ал Асад одбиваат да преговараат со владата во Дамаск.

„Се оди против членовите на опозицијата кои се опседнати со идејата за соборување на режимот на Асад. Се додека овој став владее, ништо добро нема да се случи, вооружената акција ќе продолжи и ќе гинат луѓе“, изјави Лавров на годишна конференција за новинари.

Според Лавров нема да има мирно решение за судирите во Сирија се додека опозицијата одбива да разговара со Владата и бара повлекување на Асад од власт, како главен предуслов за отпочнување мировни преговори.

Лавров нагласи дека Русија не планира масовна евакуација на своите граѓани од Сирија „бидејќи ситуацијата тоа не го налага, откако во Москва денеска стигна првата група од 77 Руси, кои ја напуштија Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски