Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Од:

Речиси сите членки на Европската Унија и НАТО се обединија во намерата да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија со започнување војна против Москва преку нацистичкиот режим во Киев, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во видео порака прикажана за време на церемонијата на отворање на 8-миот Глобален форум на млади дипломати, Лавров рече дека пред 80 години Русија ѝ нанесе решителен пораз на нацистичка Германија, која „ја обедини практично цела Европа во тоа време под своето знаме украсено со свастика“, објави РИА Новости.

Лавров рече дека оваа година се одбележува 80-годишнината од победата во Втората светска војна и Големата патриотска војна, како и 80-годишнината од основањето на ООН, и дека значењето на овие настани, кои беа пресвртница за целиот повоен светски поредок, не може да се пренагласи.

„Важно е да се потсетиме на ова денес, кога Берлин упатува неодговорни повици повторно да ја направи германската армија најсилна на континентот и кога речиси сите членки на Европската Унија и НАТО повторно се обединија за да ѝ нанесат стратешки пораз на нашата земја со започнување војна против Русија преку нацистичкиот режим, кој нелегално беше донесен на власт со државен удар во февруари 2014 година“, рече Лавров.

Тој рече дека Руската Федерација, како постојана членка на Советот за безбедност на ООН и најголемата евроазиска сила, е целосно свесна за својата посебна одговорност за зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

Лавров нагласи дека Русија продолжува енергично да работи на создавање поправеден светски поредок, кој мора да се базира на принципите на Повелбата на ООН и мора да ја земе предвид целата културна и цивилизациска разновидност на светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „БДП на Русија моментално е околу 2 трилиони евра. БДП на Европската Унија е речиси десет пати поголем. И сепак Европа не е десет пати посилна од Русија“

Катерина Ѓуровски

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Нов руски напад врз Киев, погодени неколку згради

Лавров му одговори на Туск: Обид за провокација – дури и не вреди да се дискутира