Ласло Трочањи пред европратениците ќе биде сослушан за конфликт на интереси

Од:

Еврокомесарот назначен за портфолиото проширување и соседска политика, Ласло Трочањи, денеска ќе биде сослушан од пратениците во комисијата за легални прашања околу потенцијален конфликт на интереси.

Одлуката да биде сослушан унгарскиот кандидат е донесена вчера, од него ќе се бара да се објасни за адвокатската фирма што ја основал во 1991 година, Наги ес Трочањи.

Испрашувањето ќе биде зад затворени врати, велат од Парламентот за МИА. Комисијата за легални прашања оценила, по детаљна проценка на нивните досиеја, дека двајца кандидати, Ласло Трочањи и Романската Рована Плумб, треба да одговорат на дополнителни прашања за потенцијален конфликт на интереси. По разговорите утрово, комисијата ќе го информира претседателот на Европскиот Парламент, кој потоа ќе ја информира Европската Комисија дали и кои елементи се проблематични во нивните случаи, по што Комисијата ќе треба да одлучи како ќе настапи понатаму, објаснуваат од ЕП.

Во прашање се доведуваат врските на Трочањи со оваа адвокатска фирма откако станал министер за правда во владата на Виктор Орбан во 2014-та година. За време на министерскиот мандат тој се занимавал со предмети во кои неговата фирма имала директен интерес, пренесуваат невладините организации кои работат на овие прашања во Брисел. Европратениците ќе се интересираат за договорите помеѓу фирмата и владата.

Истражувањата на унгарските медиуми покажуваат дека Трочањи вработил еден од директорите на фирмата како негов советник, Тибор Богдан, што му дало можност на Богдан да биде присутен на владините седници.

Трочањи тврди дека неговото учество во адвокатската фирма е “суспендирано“ од 2007-ма година, но медиумите дошле до докази дека за време на неговиот мандат тој и натаму имал финансиски влог во компанијата.

Се очекува европратениците да бараат одговори за неговиот удел во фирмата и што правел со него за време на неговиот министерски мандат. Прашање ќе биде исто така дали планира да се врати во оваа фирма откако ќе му заврши мандатот во Европската Комисија.

Невладините организации кои работат на конфликт на интереси во Брисел истакнуваат дека Трочањи би требало да биде испрашуван и за бизнис интересите на владата на Орбан во земјите од Западниот Балкан, со оглед на тоа дека Унгарија е силно ангажирана во регионот, каде планира да ги проширува своите бизнис и политички мрежи, велат од невладината ЦЕО.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески