Кувајтските власти уапсија повеќе лица во врска со нападот врз џамијата

Од:

Кувајтските власти уапсија неколку лица, кои се осомничени за вмешаност во самоубиствениот напад врз шиитската џамија во центарот на градот Кувајт, во кој загинаа 27 лица, изјавија денеска претставници на безбедносните служби, јави Танјуг.

– Извршени се повеќе апсења на лица осомничени за поврзаност со бомбашот-самоубиец, изјави анонимен извор од безбедносните служби.

Во вчерашниот напад врз шиитска џамија во центарот на градот Кувајт загинаа 26 лица и бомбашот самоубиец, а повредени се 227 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Експлозијата одекна за време на традиционалната петочна молитва во џамија на Имамот ал Садека во квартот Ел Савабир. Бомбашот-самоубиец ја активирал експлозивната направа меѓу верниците во зградата на џамијата.

Одговорноста за нападот преку соопштение на социјалните мрежи ја презеде групацијата Исламска држава, наведувајќи го Абу Сулејман ал Мувахед како извршител.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Кувајт, има голем број загинати и повредени

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он