Кувајтскиот суд ја осуди триесет и седумгодишната Худа ал Ајми на 11 години затвор, поради тоа што на својот „Твитер“ профил објавувала коментари со кои повикувала на уривање на режимот.
Таа е првата жена за која се знае дека е осудена поради критика на владетел на една од арапските држави во Персискиот залив, кој според Уставот е лице со имунитет и неприкосновеност.
Според изјави на два извори судот на Ајми и изрекол две петгодишни затворски казни поради навреди на шеикот Сабаха ел Ахмед и едногодишна за навреда на верска секта чиј што идентитет не се наведува, пренесе „Ројтерс“.
Ајми се уште не е приведена и има право на жалба на пресудата.
Елена Георгиевска