Кувајтската полиција фрли солзавец и шок бомби, за да ги растера демонстрантите кои имаа намера да одржат уличен протест поради измените во изборниот закон.
Овие измени опозицијата ги гледа како фаворизирање на провладините кандидати.
Демонстрантите се собрале во различни делови на градот со цел да се упатат кон седиштето на владата, велат сведоците за Ројтерс.
Полицијата ги опколила групите, давајќи им неколку минути да се разотидат, а потоа фрлила солзавец и шок бомби.
Според зборовите на сведоците, неколку луѓе се повредени во протестите.
Министерството за внатрешни работи претходно предупреди дека нема да толерира никакви протести во близина на плоштаот и кај парламентот.