Кувајтски корисник на социјалната мрежа Твитер беше осуден денеска на две години затвор поради навреда на владетелот на Кувајт, соопштија активисти за заштита на човековите права од Кувајт.
Од избувнувањето на востанието во Арапската пролет властите од Заливот го засилија притисокот врз објавите на социјалните мрежи, кои според нив се навредливи за државните лидери или ја загрозуваат социјалната безбедност.
Во изминатите месеци десетици лица во регионот се осудени на затвор или уапсени.