Кувајт: 100 повредени во протести

Од:

Повеќе од сто луѓе се повредени, откако кувајтската полиција употреби солзавец и гумени куршуми за да ги растера десетината илјади демонстранти.

„Бројот на ранетите демонстранти надмина сто, откако беа нападнати од полицијата“, напиша на својот Твитер профил, директорот на Кувајтското друштво за човекови права Мохамад ал-Хумајди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 11 полицајци се повредени, кога демонстрантите на нив фрлале камења и дека полицијата делувала откако протестот станал насилен,

Активистите наведуваат дека на протестот учествувале 100 илјади луѓе, што го прави најголем собир во оваа држава, а независните набљудувачи проценуваат дека се собрале повеќе од 30 илјади луѓе.

Демонстрантите имаа намера да одржат уличен протест поради измените во изборниот закон.

Овие измени опозицијата ги гледа како фаворизирање на провладините кандидати.

Тие се собрале во различни делови на градот со цел да се упатат кон седиштето на владата, велат сведоците за Ројтерс.

Полицијата ги опколила групите, давајќи им неколку минути да се разотидат, фрлила солзавец и шок бомби, а потоа употребила и гумени куршуми.

Министерството за внатрешни работи претходно предупреди дека нема да толерира никакви протести во близина на плоштаот и кај парламентот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во Кувајт, има голем број загинати и повредени

Почина кувајтскиот емир Шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари

Ана Ололовска

ЕУ: Кувајт покажува напредок во областа на женските права

А1он

Амбасадорот на Кувајт повикан на консултации во ЕУ

А1он

Кувајт егзекутираше седум лица, првпат од 2017 година

А1он