Курдски претставник: Ако ИД не биде запрена, може да стигне до Бугарија и Романија

Од:

Сириски курдски претставник предупредува дека терористичката група „Исламска држава“ може да ги окупира Турција, Бугарија и Романија, доколку не биде запрена, пренесе БТА.

– Ситуацијата во сирискиот град Кобане е клучна. Ако терористичката група „Исламска држава“ ја преземе таа зона, ќе бидат разделени двата сириски курдски региони Африн и Џезире, што ќе го ослабе нашиот отпор, изјави Гариб Хасу, претставник во ирачки Курдистан на сириската партија Демократски сојуз.

Во изминатите денови терористичката група „Исламска држава“ зазеде три кварта на сирискиот курдски град Кобане, стратешка зона распоредена на границата со Турција.

„Исламска држава“ презеде големи реони во Сирија и Ирак, каде што прогласи „исламски калифат“. Лидерот на организацијата во јули предупреди дека Шпанија е „нејзина легитимна територија“ и покажа карта на калифатот во која исто така беа и Романија, Бугарија и Грција, објави романскиот весник „Гандул“.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад