Курдите во Сирија заплениле над 2,5 милиона таблети „Каптагон“

Од:

Курдските безбедносни сили денеска јавија дека во североисточна Сирија заплениле повеќе од 2,5 милиони таблети „Каптагон“, што е најголема заплена на дрога во регионот.

Курдските сили соопштија се запленети точно 438 килограми дрога или 2.570.580 таблети, додавајќи дека дрогата била скриена во градежни материјали и пренесена од северните области што се под контрола на фракциите лојални на Турција.

„Ова е најголемото запленување таблети на „Каптагон“ во североисточна Сирија“, соопштија курдските сили.

„Каптагон“ се темели на амфетамини и се произведува нелегално во Либан, веројатно во Сирија и Ирак. Тој е првенствено наменет за пазарот во Саудиска Арабија. Познато е дека го користеле џихадистите на Исламската држава бидејќи како активен психостимулатор ја ублажува физичката болка и дава чувство на бестрашност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски