Курц воздржан во однос на прифаќање борци од ИД

Од:

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц е воздржан во однос на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за прифаќање на заробените борци од терористичката Исламска држава.

Трамп побара европските земји да ги примат своите државјани, заробени во Сирија, кои се бореле на страната на ИД.

– Гледам на тоа како и Франција, Данска и Велика Британија. А тоа значи дека заштитата на сопственото население е највисок приоритет, пособно од луѓето кои извршиле најтешки кривични дела, изјави Курц, кој в среда во Вашингтон ќе има средба со Трамп.

Тој најави дека Австрија секој случај ќе го разгледува одделно.

Трамп побара од Велика Британија, Франција, Германија и другите европски земји, да преземат над 800 заробени борци на Исламската држава. Американскиот претседател меѓу другото се закани дека САД во спротивно ќе мора да се ослободат од џихадистите, а тоа значи дека припадниците на ИД веднаш потоа ќе ја преплават Европа.

Трамп пред два дена ги повика земјите од Европската унија да ги земат назад борците на ИД кои останале во Сирија, но прашањето е исклучително чувствително, и не може да биде решено на ниво на ЕУ. На вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел не е постигнат заеднички став по ова прашање, потврди шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Белгија, која е меѓу земјите со најголем број борци заминати на воените жаришта на Блискиот Исток во последните години, смета дека треба да бидат примени сите деца на џихадисти до десет години, и дека секој случај ќе биде анализиран повторно. Останува проблемот за тоа дали треба да им биде дозволено враќање и на мајките на овие деца. Граѓанските организации за заштита на правата на децата во Белгија оценуваат дека земјата има обврска да им даде дозвола и на мајките да се вратат, но безбедносните служби не се уверени дека сите тие жени не претставуваат опасност, во секој случај, најверојатно е дека ќе мораат прво да одлежат затворски казни доколку се утврди дека биле дел од терористички активности.

Со слични дилеми се соочува и Франција, но и Германија.

Германскиот министер, Хајко Мас, истакна дека немаат доволно средства да проверат дали нивните државјани се навистина засегнати.

-Властите треба да проверат во која мера тие биле инволвирани во борбите на ИД, што би значело отворање на кривични процедури против нив, тие лица можат да се вратат во Германија само ако можеме да се осигуриме дека веднаш ќе бидат притворени, рече Мас.

– Франција засега нема да го исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, туку поединечно ќе ги разгледува случаите, изјави денеска француската министерка за правда Николо Белубе.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Курц е осуден за давање лажни изјави

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава