Курц: Во справувањето со бегалците ЕУ не треба да зависи од Турција

Од:

ЕУ не треба да зависи од Турција при решавањето на проблемите поврзани со бегалската криза, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

– Треба да бидеме внимателни со цел да не станеме зависни од Турција и да не дозволиме повторување на ланската криза со бегалците, изјави Курц во Виена по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

Како што јави ТАСС, шефот на грчката дипломатија од своја страна изјави дека очекува Анкара да ги исполни преземените обврски за решавање на бегалската криза.

– Се разбира дека постојат и внатрешни фактори, но се надевам дека тоа нема да се одрази на нашите односите, изјави Коѕиас.

Тој нагалси дека е неопходно да се следи развојот на настаните во Турција по одлуката за оставка на турсиот премиер Ахмет Давутоглу, додавајќи оти се надева дека тоа нема да има негативни последици врз имплементацијата на договорот за бегалците.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче