Курц: Решавањето на билатералните конфликти потребно за влез во ЕУ

Од:

Решавањето на билатералните конфликти е неоходно за влез во Европската унија, оцени министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц.

Тој на конференција на експерти за Западен Балкан, која ја организираше Министерство за надворешни работи на Австрија во Виена, изјави дека Австрија ги поддржува земјите во регионот на патот во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на официјална Виена.

– Не смееме да дозволиме споровите кои се уште не се решени, да го забават тој процес и да го дестабилизираат регионот, порача Курц.

Тој истакна дека сите земји од регионот треба да продолжат по патот на успехот од минатата година.

– Со потпишување на заедничкиот документ на сите шест држави од Западен Балкан, како и двете спогодби за границите на маргините на минатиот Самит за Западен Балкан, во август минатата година се докажа дека се можни конкретни напредоци во овие области. Стабилното окружување ни помага да ги совладаме и другите предизвици, како на пример мигрантската криза, појасни Курц.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија