Курц: Да се запре умирањето во Медитеранот

Од:

Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц се залага за драматично намалување на имиграцијата со цел успешно да се спроведе интеграцијата на имигрантите. Тој истакнува дека во моментот еден милион луѓе има во бегалските кампови во Либија кои се подготвени да тргнат на опасен пат кон Европа.

– Ако тие тргнат на тој пат ќе ги наведат и другите, така ќе нема крај на умирањето во Медитеранот, оценува Куртц.

Тој во дискусија организирано од виенскиот дневен весник „Курир“ истакна дека критиките упатени кон Виена поради барањето за ограничување на миграцијата се неоправдани бидејќи Австрија секогаш примала повеќе бегалци отколку Италија и Грција заедно.

– Во Италија и Грција доаѓаат голем број бегалци, но тие таму не остануваат, наведе Курц додавајќи дека распределбата на мигранти во Европа не функционира и го наведе примерот со Романија, каде има регистрирано најмал број бегалци кои сакаат да останат во таа земја.

Австрискиот министер за надворешни работи го повтори барањето за затварање на медитеранската рута по примерот на балканската.

Тој оцени дека покрај граѓанските војни, корупцијата и сиромаштијата, зголемениот наталитет на Африка е најголем проблем, а со тоа и најголема закана во Европа. Курц потсети дека во Африка живеат околу една милијарда луѓе, до средината на векот нивниот број ќе се искачи до две милијарди, а до крајот на векот – четири милијарди.

– Поради тоа не смее да се свртува погледот од ситуацијата во Средоземно Море, каде страдаат голем број имигранти туку мора да се размислува и за тие кои на пат до Либија умираат од жед. Тоа е огромен број за што дури нема ни процена, истакна Курц.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче