Три дена пред европската самит во Салцбург, кој главно ќе биде посветен на миграциските прашање, австрискиот канцелар Себастијан Курц најави организирање на средба на врвот ЕУ-Африка во декември, а францускиот претседател Емануел Макрон побара интензивирање на процесот за враќање на нелегални мигранти.
– Ќе организираме средба на врвот ЕУ-Африка во декември. Се надеваме на поддршка од Франција. Ние сакаме да се фокусираме на економскиот развој на Африка, изјави Курц кој вчера беше гостин во Елисејската палата на францускиот претседател Макрон.
Австрија, која од јули претседава со ЕУ, е домаќин на европската средба на врвот во Салцбург на 20 септември, на која се очекува главна тема да биде илегалната миграција.
„Во принцип, идејата за средба на врвот на ЕУ и Африка изгледа добра”, се вели во соопштението на Елисејската палата. Претседателството потсетува дека неодамна во својот говор Макрон изрази желба за развој на економскиот партнерство со Африка.
Вчера, во Елисејската палата, Курц пред новинарите изјави дека го поддржува предлогот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за јакнење на Фронтекс со 10.000 гранични службеници до 2020 година Тој додаде дека европските земји во кои прво пристигнуваат мигрантите, имаат потреба од Европската солидарност, но, за возврат, треба управуваат со миграциските текови.
Макрон повика на подобра контрола над приливот на мигранти преку зајакнување на Фронтекс и се заложи за подобар дијалог со земјите на потекло и на транзит на мигранти. Тој рече дека тоа мора да се направи во согласност со европските вредности. Макрон додаде дека е потребно да има политика за враќање на оние мигранти кои не одгговараат на критериумите за добивање азил.