Кулеба: Со Дендиас се согласивме дека санкциите кон Русија мора дополнително да се зголемат

Од:

„Во телефонскиот разговор со грчкиот МНР Никос Дендиас се согласивме дека санкциите кон Русија мора дополнително да се зголемат. Русија мора да ја плати цената за тековната војна против Украина“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, за разговорот со неговиот грчки колега, јави дописничката на МИА од Атина.

Телефонскиот разговор, како што изјави шефот на грчката дипломатија од Индија, каде што е во дводневна посета, бил по иницијатива на министерот за надворешни работи на Украина, а Кулеба му се заблагодарил на Дендиас и во негово име и во име на украинскиот претседател Зеленски за намерата на Грција да испрати хуманитарна помош во Мариупол.

-Ми ја опиша ситуацијата во Мариупол во најтемни бои. Ситуација која е целосно неприфатлива, целосно некомпатибилна со хуманитарното право, ситуација која создава огромни проблеми со загубата на човечки животи на граѓаните и што е ситуација целосно за осуда. Вон сè што е прифатливо во меѓународното право, рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија вчера изрази намера лично тој да ја придружува хуманитарната помош што од Грција ќе биде испратена во Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање