Куба инвестира во образованието повеќе од Скандинавија

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Куба, иако половина век се соочува со финансиските проблеми заради економските санкции до САД, лани издвои дури 12,9 проценти од БДП за образованието, што стана прва земја во светот по инвестивиите во образовниот сектор, известува хрватскиот портал „Бизнис“.

Досега се сметаше дека приматот им припаѓа на скандинавските земји и Нов Зеланд, меѓутоа според новите податоци Шведска одвојува 7,3 проценти од БДП, Нов Зеланд 7,2 проценти, Норвешка 7,3 проценти, Исланд 7,8 проценти, а Финска 6,8 проценти.

„Ова е доказ за чувството на одговорност на владата, и тоа ни кажува дека во текот на подготовката на предлог-буџетот, еден од главните приоритети е развојот на образовниот систем, и овозможување бесплатен пристап за сите“, изјави кубанискиот министер за образование Родолфо Аларкон Ортиз.

До јануари 1959 година, Куба имаше само три универзитети на кои студирале околу 15,000 студенти, и во кои предавале едвај илјада професори. Додека денес работат 77 илјади професори на 104 различни факултети групирани во 67 научни, технолошки и универзитетски центри. Земјата има 261 илјада студенти.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски