Крвава пресметка во затвор во Каракас

Од:

Затворот „Сабањета“ во северниот дел на Венецуела е евакуиран по крвавите судири зад решетките, при кои загинаа најмалку 16 затвореници.

Локалните весници наведуваат дека по неколкучасовните судири во петокот останале и сосема распарчени тела.

Од домот, кој има капацитет за 750 затвореници, биле евакуирани 3.700 лица, вклучувајќи околу 200 посетители (од кои 56 деца).

Пред само неколку дена, во слична пресметка во затворот Маракаибо загинаа исто така 16 лица, а во јануари во затворот Урибана загинаа 58 лица. Во текот на изминатата година во судири зад решетки загинале вкупно 591 затвореник, а речиси двојно повеќе биле повредени.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски