Критики од Гебрејесус до богатите држави поради недоволно вакцини за сиромашните

Од:

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги критикуваше богатите земји заради недоволна испорака на вакцини против коронавирус во земјите во развој.

Гебрејесус исткна дека се повторуваат грешките од времето на пандемијата на СИДА, кога сиромашните земји чекаа лекови за вирусот десет години откако се појавија во богатите земји.

– Проблемот е недостаток на вакцини. Не е проблем при испораки, не е проблем примање вакцини, рече Гебрејесус, наведувајќи примери што богатите земји ги користат како изговор.

Неговиот советник Брус Ајлвард изјави дека ситуацијата во Африка е исклучително тешка бидејќи бројот на инфекции е зголемен за 50 отсто во претходните пет недели.

– Помалку од два процента од популацијата е вакцинирана. Секој наш добавувач на вакцини не може да ни ги достави бидејќи другите земји ги бараат тие производи и ја вакцинираат младата популација која не е загрозена, изјави Ајлвард.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа