Критично во Британија и Португалија – нови рекорди во бројот на починати од Ковид-19

Од:

Велика Британија денеска повторно има рекорден број смртни случаи од коронавирус, исто како и Португалија каде што бројот на заболени се зголеми за 40 проценти од претходниот ден.

Во Велика Британија денеска починаа уште 1.820 лица од новиот коронавирус, нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата. Вкупниот број починати изнесува 93.290, најмногу во Европа.

За 24 часа пријавени се 38.905 новозаразени, што потврдува пад на бројот на заразени во последните денови, од вкупно над 3,5 милиони случаи.

Британија започна кампања за вакцинација минатиот месец и Владата планира да ги вакцинира сите над 70-годишна возраст и медицинскиот персонал до средината на февруари или околу 15 милиони луѓе.

Португалија исто така денеска има рекорден број смртни случаи – 219, а бројот на новозаразени за еден ден се зголеми за 10.455. Болниците се под силен притисок од големиот број болни и починати. Земјата со 10 милиони жители има вкупно 581.605 заразени од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он