Кристијан Керн иден лидер на СПО и канцелар на Австрија

Од:

Претставниците на Социјалдемокртската партија на Австрија (СПО) одлучија Кристијан Керн да биде иден лидер на партијата и канцелар на Австрија.

Привремениот лидер на СПО и градоначалник на Виена, Михаел Хојпл изјави дека одлуката е донесена пред состанокот со шефовите на покраинските одбори на СПО во Виена. Тој додаде дека формалната одлука ќе биде донесена во вторник на седница на Претседателството на СПО.

Од новиот лидер на СПО се очекува обединување на сите групации во партијата.

Претседателите на покраинските одбори на СПО денеска одржаа состанок зад затворени врати, по неочекуваната оставка на лидерот Вернер Фајман.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче