Кристерсон во следните денови ќе ја претстави новата шведска Влада

Од:

Лидерот на шведската Умерена партија, дел од десниот блок што освои мнозинство на парламентарните избори минатиот месец, Улф Кристерсон денеска изјави дека очекува владата да биде формирана наредните денови.

Како што тој појасни, можно е да даде детали в петок.

– Начелно, ние сме подготвени, истакна тој.

Кристерсон додаде дека новата влада може да ја преземе должноста уште следната недела.

Тој доби мандат да состави влада по речиси една деценија социјалдемократска администрација.

Се очекува формирање малцинска влада, поддржана од антимигрантските Шведски демократи.

Кристерсон денеска имаше средба со претседателот на Парламентот, кој му даде уште два дена до претставување на новата влада.

Парламентот мора да гласа за предлогот на Кристерсон, пред владата да може да ја преземе должноста.

На изборите на 11 септември, Умерената партија, Шведските демократи, демохристијаните и либералите добија 176, додека левиот центар освои 173 места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност