Кремљ: САД не кријат дека го прислушуваат рускиот амбасадор

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека Кремљ планира детално да ги проучи податоците кои ги објави Викиликс за глобалното прислушувања на ЦИА, но оти не е тајна дека САД активно ги прислушуваат телефоните на руските претставници.

– Заедно со глобалната заедница секако обрнавме внимание на објавените податоци и секако дека тие заслужуваат внимание и оти мора детално да се проучат, посочи Песков.

Тој додаде дека американските власти го прислушуваат телефонот на рускиот амбасадот во САД, Сергеј Кисљак.

– Вашингтон всушност не се ни обидува да скрие дека активно ги прислушува телефонските повици на руските претставници, на нашиот Кисљак и други, посочи Песков.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски