Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се сретнат на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург но не е планирана посебна средба, изјави денеска потпаролот на Кремељ Дмитриј Песков.
– Во секој случај тие ќе се сретнат на маргините на Самитот, но не е планирана посебна средба, истакна Песков.
Тој додаде дека Путин денеска ќе има кратка средба во Москва со поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер.
Песков истакна и дека рускиот претседател денеска ќе го прими и германскиот министер за надворешни работи Зигма Габриел.