ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Од:

Инагурацијата на Доналд Трамп е преместена на затворено проади големиот студ во Вашингтон. Трамп заклетвата ќе ја положи внатре во Kапитол, бидејќи како што објави, најавите за временските услови се ужасни. Последен пат, церемонија беше преместена на затворено во 1985 кодина за инагурацијата на Роналд Реган.

Безбедносните мерки за инагурацијата, за која беше проценето дека е ризик на терористички напад, се на највисоко ниво. Илјадници припадници на сите безбедносни агенции во САД се ангажирани за безбедноста на инагурацијата.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД.

Премиерот коj ќе биде придружуван од Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Меѓудругото делегацијата предводена од македонскиот премиер Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.

Очекувањата се дека за време на престојот, премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

„Дејли мејл“ го објави целиот план на Трамп за мир во Украина

Горан Наумовски

Мицкоски: Лажни се дојавите за бомби во училиштата, тоа се хибридни напади

А1он

Трамп воведе санкции за Меѓународниот кривичен суд

Катерина Ѓуровски

Трамп: Израел ќе ја предаде Газа на САД, Палестинците ќе бидат преселени во поубави заедници

Трамп: Израел треба да ја предаде Газа на САД по завршувањето на борбите

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје