Кремљ отфрла обвинувања на Пентагон дека распоредиле ракети насочени кон Западна Европа

Од:

Кремљ отфрли денеска обвинувања од Пентагон дека Русија распоредила крстосувачки ракети насочени кон Западна Европа што значи и непочитување на Договор од 1987 година за уништување на ракети со среден дострел.

– Ги отфрламе тие обинувања…Русија секогаш била и останува посветена за сите меѓународни обврски како и на оние поврзани со Договорот за уништување ракети со среден дострел, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Американскиот генерал Пол Селва, заменик шеф на Заедничката команда на вооружените сили на САД, изјави пред комисија на Претставничкиот дом дека Русија распоредила ракети што се „ризик за повеќето наши инсталации во Европа“.

Песков додаде дека Русија ќе работи со кој и да е американски амбасадор во Москва кој е приврзаник на идејата за обнова на дијалогот меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски