Кралот и исламот

Од:

Економист – Лондон

Како и секогаш кај јорданскиот крал Абдула Втори, политиката донекаде е и хазард. Како дел од неговата војна против исламискиот радикализам, тој сака да ја помогне таквата верзија на религијата која е послушна пред режимите во регионот. Во тандем со Абдел Фатах ал Сиси – војникот кој стана претседател на Египет, Абдула се подготвува идниот месец на каирскиот универзитет Ал Азхар – еден од најстарите образовни центри на сунисткиот ислам, да собере муслимански лидери на средба на високо ниво за модернизирање на исламот.

Иако нивните гласови можат да бидат заглушени од засилените антитерористички закони, многу од неговите поданици изразуваат сомнеж. Во земјата каде 90 проценти од населението се муслимани сунити, многумина се прашуваат зошто нивниот монарх се вклучува во водената од Америка коалиција против џихадистите од Исламска држава. „Не разбирам зошто кралот се вклучи во сојуз против сунитите од Исламска држава во Сирија, и го поддржува Башар Асад кој има толку крв на своите раце“, рече еден јордански писател. Откако Исламска држава зароби јордански пилот чиј авион падна во Сирија во декември, група пензионирани армијски офицери дадоа изјава во која ја штитат тезата дека Јордан не треба да се ангажира во дејствата на коалицијата.

Појавата на кралот на одбележувањето во Париз заедно со други светски лидери по нападот врз Шарли Ебдо, повторно предизвика неодобрување. Малку откако кралот се врати во земјата, илјадници луѓе се вклучија во протестите против списанието и карикатурите на пророкот Мухамед од насловната страница.

Повозрасните се сеќаваат на помекиот пат на таткото на кралот Абдула Втори, Хусеин, кој долги години се придржуваше кон традицијата да сојузничи со исламски политичари. Токму заради тврдењето на Хашемитската династија потекнува од пророкот Мухамед, и дава силен религиозен кредибилитет на довербата и веднаш ја прави привлечна. Во 1950 година, кралот Хусеин се потпираше на Муслиманското братство – главното исламистичко движење во регионот – за да помогнат да биде заштитено неговото кралство од повиците на револуција кои доаѓаа од арапски националистички движења. Тој вклучи исламисти во власта и по нивната изборна победа во 1989 година, им дозволи да добијат пет министерски фотељи.

Откако во 1971 година кралот Хусеин ги изгони Фатах, вооружената палестинска фракција на Јасер Арафат, тој ги охрабри палестинските исламисти да го пополнат создадениуот вакуум. И во 1987 година, за да се спротивстави на продолжената подршка за Арафат во Јордан, кралот Хусеин на палестинските исламисти и помогна да си создадат сопствена вооружена организација – Хамас – со база во престолнината Аман.

Во последните години од својот живот, кралот Хусеин го поддржуваше Муслиманското братство по нивното силно противење против неговиот мировен договор со Израел. Тој така манипулираше со границите на избирачките реони, за да ги разводни гласовите во градовите каде што подршката за исламистите беше најсилна.

Но никогаш не ги прекина целосно врските со своите стари сојузници. Кога израелските агенти го отруја во Аман во 1987 година Халед Мешаал, еден од раководителите на Хамас, кралот Хусеин се закани дека ќе ги прекине односите со Израел ако тогашниот (а и сегашен) премиер Бенјамин Нетанјаху не само му го донесе противотровот, туку и да го ослободи од затвор лидерот на Хамас, Ахмед Јасин.

За разлика од татко му, кралот Абдула Втори, кој е војник, често вкрстуваше мечеви со исламистите. Наскоро откако беше крунисан на тронот во 1999 година, тој ја затвори канцеларијата на Хамас во Аман и ги стера нејзините лидери. Тој е првиот странски лидер кој ги посетил египетските генерали кои го сменија во 2013 година Мухамед Морси, избраниот претседател на движењето Муслиманско братство. Кралот ги продлабочи врските на Јордан со Обединетите арапски емирати, кои стојат зад регионалната кампања против исламистите од секој вид.

Минатиот септемри, кралот Абдула Втори отворено се приклучи кон американската коалициија против Исламска држава, додека подискретен владетел би делувал задкулисно. Во последниве месеци тој затвори повеќе од 30 членови од Муслиманското братство и изведе многумина пред воен суд, вклучувајќи го и Заки Бани Рушаид, заменик генералниот секретар на движењето во Јордан.

Луѓе блиски до кралот тврдат дека строгите мерки се ефикасни. Имајќи предвид дека има бранувања кај сите арапски соседи на Јордан, а некои од нив се и во војна, барањето на Муслиманско братство за политичка реформа во Јордан веќе не добива на значење, рече еден од нив. Кралот е во зенитот на својата власт и изгледа недостижен. „Нема протести: ослободете го Заки“, рече весело тој.

Некои членови на Муслиманското братство исто велат дека нивните се повоинствени лидери се виновни за бедата во која потпаднале. Но други пак предупредуваат дека движењето може да се претвори во насилно, ако се создадат пречки на неговиот политички пат. „Ние сме мирно движење“, потенцира Мохамед Абу Фарис, еден од главните и се порадикални идеолози од Муслиманско братство. „Но меѓу народот и кралот Хусеин имаше хармонија, а сега син му е сам“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Нападната американската војска: Најмалку 3 војници загинаа, 25 се ранети

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт