Кралот Чарлс одбил терминалот на аеродромот Хитроу да биде именуван по него

Од:

Британскиот крал Чарлс одбил терминал на аеродромот Хитроу во Лондон да го носи неговото име.

Аеродромот планирал да му оддаде чест на кралот Чарлс по неговото крунисување со именување на терминалот 5 по него, пишува Тајмс.

Се наведува дека Бакингемската палата ја повикала британската влада да ја отфрли понудата на аеродромот за преименување на терминалот поради „долгогодишната поврзаност меѓу аеродромот и кралското семејство“.

Наместо тоа, аеродромот ќе го одбележи крунисувањето со соодветна ознака за багаж. Во Велика Британија, употребата на титулата и името на монархот е строго контролирана, при што некои од критериумите се дали зградата или локацијата е нова или реновирана и дали е „лично поврзана со монархот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кралот и кралицата излегоа двапати на балконот, Хари го напушти Лондон

Горан Наумовски

Kралот пристигна во Вестминстерската опатија

Горан Наумовски

Oткриено е како Чарлс и Камила ја минаа вечерта пред крунисувањето

Сите детали од крунисувањето на кралот Чарлс III: Едно е ново и значајно во организацијата

Горан Наумовски

Пендаровски на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска