Кралицата Елизабета Втора во државничка посета на Франција

Од:

Кралицата на Англија, од денеска  до сабота, ќе биде во државничка посета на Франција во рамките на Седумдесет годишнината од Денот-Д, придружувана од нејзиниот сопруг принцот Филип, јавува дописникот на МИА од Париз.

Претходната државничка посета на Елизабета Втора на Франција беше во 2004 година. По пречекот со букети цвеќе и знамиња на Северната станица во Париз, каде кралицата ќе пристигне со возот Евростар од Лондон, францускиот претседател Франсоа Оланд ќе ја пречека под Триумфалната порта од каде заедно ќе слезат по авенијата Шанзелизе, придружувани од републиканската гарда на коњи.

Наместо својот Цитроен ДС5, Франсоа Оланд и кралицата Елизабета Втора ќе го користат поудобниот и блинидиран Рено Вел Сатис. Елисејската палата на почетокот мислеше да го извадат стариот Цитроен СМ користен при посетата на кралицата на претседателот Помпиду во 1972 година, но овај автомобил е пренизок…

Елизабета Втора е една од најочекуваните гости на комеморацијата на седумдесет годишнината од Денот-Д, и таа е единствена од присутните 17 шефови на држави или влади која ја има доживеано Втората светска војна, за време на која се ангажираше да вози амбулантно возило.

Сепак, сите со внимание ја очекуваат свечената државничка вечера закажана за утре вечер во Елисејската палата – вистинска момархиска традиција која ја негува француската република. Франција е република но носталгична по монархијата.

Веќе поодамна во кујната на Елисејската палата се работи на оваа вечера на која ќе треба да и се понуди на кралицата најдоброто што го има француската кујна. Во изработката на менито беа вклучени француската амбасада во Лондон и Бакингамската Палата. Засега менито се чува како државна тајна, а се знае дека нема да бидат послужени коњско месо, полжави со магдонос или копанчиња од жаби со лук.

Менито за оваа вечера го подготвува Гијом Гомез, а тоа веќе било одборено од претседателот Франсоа Оланд, кој важи за љубител на добра храна.

Шефот на кујната Гомез набавува директно од пазарот на големо во Рунжис, каде пристигнуваат сите најдобри производи од Франција и светот. Тој знае дека кралицата сака масна паштета, па иако тоа може да го налути принцот Чарлс, кој ја отстрани од англската кралска кујна поради суровото гоење на пајките и гуските… Најубавиот гоен дроб од кој се прави масната паштета доаѓа од Перигорд, за утре вечер веќе се купени шест килограми.

За крајот од вечерата ќе го има традиционалното плато со француски сирења. Гостите на избор ќе имаат пет сорти, кој лесно ќе можат да ги идентификуваат, сигурно ќе има камамбер – сирење симбол на Нормандија, потоа рокфор, конте, реблошон и валансе.

Меѓу масната паштета се сомнева дека ќе има јагне од Систерон со зеленчук, за десертот е со мистично име „Летна сензација“.

„Класично но не многу едноставно, бидејќи тоа не се совпаѓа со угледот на кралицата“, објаснува Гомез.

На менито е отпечатена гравурата која беше користена пред сто години при посетата на Едвард Седми, односно Маријана која е со француско и англиско знаме. Но за разлика од пред сто години, кога беа послужени дваесет различни јадења, утревечер менито ќе биде поскромно, штедењето тоа го налага.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили