Ковид-19 може да влијае и врз губење на забите

Од:

Њујорк Тајмс ги сподели искуствата на неколку луѓе кои останаа без заби откако се опоравија од коронавирусот. Во текстот се наведува дека некои луѓе изгубиле заб во различни околности: некои кога отишле на забар, други додека користеле забен конец. Некои изгубиле заб кога јаделе сладолед, а многумина изјавиле дека забот им паднал без да има крварење или болка.

„Последното што мислев дека може да ми се случи е да ми падне заб“, вели госпоѓа Лучијано.

Губењето на забите без придружно крварење не е невообичаено, изјави д-р Ли за Њујорк Тајмс и открива дека тоа може да се случи поради проблеми со крвните садови на непцата.

Новиот коронавирус се врзува за протеинот ангиотензим-конвертирачки ензим 2, кој е сеприсутен кај луѓето. Вирусот се открива не само во белите дробови, туку и на нервните и ендотелните клетки.

Затоа, вели д-р Ли, можно е вирусот да ги „искинал“ крвните садови коишто го одржуваат забот жив кај оние коишто прележале Ковид-19.

Ова може дополнително да објасни зошто оние кои изгубиле заб навистина не чувствуваат болка. Исто така можно е дека раширениот имунолошки одговор, честопати наречен цитокинска бура, исто така, да се манифестира во устата.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски