Високата влажност може да го ослабне коронавирусот, велат престижните универзитети

Од:

Новиот коронавирус се пренесува од болни на здрави лица многу поретко при релативна влажност на воздухот од 40 до 60 отсто отколку при пониска или поголема влажност.

Истражувањето на американски и швајцарски научници за влажноста што го ослабува вирусот е објавена во Годишниот преглед на вирологијата, цитиран од Универзитетот „Јеил“.

Експериментите со глувци покажале дека вирусите како „САРС-КоВ-2“ можат најлесно да се справат со релативна влажност од 50 проценти.

Сувиот ладен воздух најмногу придонесува за заболувања со Ковид 19.

Научниците сметаат дека истражувањето им дава можност да направат врска помеѓу времето и ширењето на болеста.

Тие повикуваат во текот на зимата да се користат навлажнувачи на воздухот и да се избегнуваат затворени места со слаба вентилација затоа што оваа инфекција главно се пренесува преку контакти на луѓето.

Во март, Медицинскиот центар на Универзитетот „Стенфорд“ објави дека речиси секој петти заразен со новиот коронавирус се заразува и со други респираторни вируси.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски