Коронавирусот се враќа во Кина, повеќе од 100 милиони во карантин поради мутирана форма на вирусот

Од:

На североистокот на Кина се повеќе се шири коронавирусот, а научниците забележале дека тој е поразличен од поранешните случаеви забележани во земјата.

„Тоа укажува дека вирусот се менува додека се шири низ светот“, изјави кинескиот научник Чиу Хаибо.

Кина која во главно, пандемијата на коронавирусот ја стави под контрола, минатите неколку седмици откри нови кластери во провинциите Џилин и Хејлонџијанг, на североистокот од земјата, што предизвика загриженост поради можен втор бран на вирусот.

Периодот на инкубација на мутираниот вирус е многу подолг отколку кај првичниот коронавирус кој се појави во Вухан, и затоа луѓето без да знаат дека се заразени ги посетуваат своите роднини и блиски, со што го шират вирусот.

Чиу Хаибо напоменува дека пациентите од североистокот ретко имаат покачена температура и дека кај нив се забележани оштетувања на белите дробови, но не и на други органи.

Тој смета дека вирусот во кластерите од североистокот најверојатно стигнал од странство, поради тоа што се разликува од поранешните случаеви.

Забележани се околу 46 случаи во текот на последните две седмици, кои се прошириле во три градови – Шулан, Џилин и Шенгјанг, во две провинции поради што властите повторно ги воведоа мерките за затворање со кои се опфатени повеќе од 100 милиони луѓе.

Во тие градови, железничкиот и автобускиот превоз се во прекин, а затворени се и училиштата.

Кина се обидува да го запре ширењето на новиот кластер во пресрет на годишното политичко собрирање во Пекинг, закажано за почетокот на следната недела. Додека илјада делегати пристигнуваат во главниот град за да ја поддржат владината програма, централното раководство на Кина е одлучно да покаже дека државата е стабилна и дека се е под контрола.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија