Коронавирусот носи десетпати поголем ризик за згрутчување на крвта отколку вакцината

Од:

Истражување спроведено на 500.000 пациенти кои заболеле од Ковид-19 покажа дека згрутчување на крвта се јавило кај 39 лица на милион заразени, соопштија научници.

Тие велат дека ризикот од појава на ретка церебрална венска синусна тромбоза (ЦВСТ) е осум до десет пати поголем по зараза со коронавирус отколку по примањето на некоја од постоечките вакцини против Ковид-19.

Истражувачкиот тим од Оксфорд, кој потенцира дека студијата е работена независно од тимот што ја разви вакцината АстраЗенека, соопшти дека ги споредиле податоците со Европската агенција за лекови, според кои пет лица на милион добиле ЦВСТ по вакцината АстраЗенека.

– Ризикот од појава ЦВСТ по Ковид-19 се чини дека е значително поголем отколку што беше по приемањето на вакцината Оксфорд/АстраЗенека, изјави пред новинарите Максим Такет од Оксфорд.

Такет рече дека стапката на смртност од ЦВСТ е околу 20 проценти без разлика дали се случила по инфекција со коронавирус или добиена вакцина, што укажува на тоа дека згрутчувањето е главен фактор на ризик.

Истражувачите истакнаа дека Ковид-19 е повеќе поврзан со мозочен удар отколку со ЦВСТ и дека сегашната дебата за вакцините ја испуштила од вид можноста за појава на потешка форма на болеста.

– Важноста на ова откритие е дека се враќа на фактот дека ова е навистина страшна болест, со цела низа појави, вклучително и зголемен ризик од ЦВСТ, рече Џон Гедес, директор на истражувачкиот центар НИХР.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски